Во текот на една конкурентна и тешка сезона, Луис Хамилтон вели дека способноста на Мерцедес брзо да дојдат до решение на проблемите во текот на еден тркачки викенд е едноставно “луда“. 

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ферари втора година по ред им конкурира на Мерцедес, а неколку пати Скудерија се подобри во квалификациите со одржлива предност во перформанси пред Мерцедес. Но германската екипа брзо реагира за да одговори на нападите од италијанцитте, а тоа навистина го импресионира Хамилтон.

Ферари направија чекор напред, навистина голем чекор напред, особено во нивната квалификациска форма. Не го занемаруваме фактот дека треба напорно да работиме во борбата против нив.

Тоа е најкул нешто во оваа екипа (Мерцедес). Тие се фокусирани. Не се жалат. Тие едноставно сакаат да бидат подобри.

Ќе забележите дека доколку имаме проблем во Сабота или Недела, на истиот веќе се работи и имаме решение истата недела.

За мене, тоа е лудо, тоа што можат веднаш да најдат решение, имаме толку интелегентни луѓе во фабриката. Тоа ме фасцинира.

Благодарејќи на две последователни победи, Хамилтон има предност од 24 поени во борбата против Ветел. Двајцата возачи целат кон петта шампионска титула годинава, а тоа постигнување ќе го изедначи било кој од нив со легендарниот Хуан Мануел Фанџо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.