Старо-новиот Формула 1 првак, Луис Хамилтон, откри дека му требало специјални кругови и специјални моменти за да го надмине предизвикот наречен Себастијан Фетел и Ферари сезонава. Британецот се изедначи по бројот на освоени титули со легендарниот Хуан Мануел Фанџо откако во Мексико го обезбеди својто 5ти наслов.

Во текот на сезоната имаше многу периоди кога бевме на тест, дури и во викендите кога немавме добар пакет или бевме несоодветно подготвени, имавме одличен резулат иако не бевме најбрзи. Ни требаа специјални кругови и посебни моменти со овој болид и искрено повторно во глава ги преживувам тие моменти. Некои искусва од трките оваа сезона се навистина магични – откри Хамилтон.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Луис беше силен во вториот дел од сезона, се изврте во дуел со Раиконен на домашнат трка, но дождот и грешката на Фетел му подарија победа во Германија, имаше феноменален квалификациски кругови во Унгарија и Сингаур, патеките кои требаше да бидат најслаби за болидот.

Чувствувам дека можам да возам било што и дека можам да го носам болидот на места каде што не може никој. Но, за да го направам тоа ми треба болидот на вистинско место, а тоа значи фантастична екипа зад себе кој ви помага да го ослободите потенцијалот на болидот и вашата големина.

Хамилтон смета дека враќањето и борбата која ја покажа на домашната трка во Силверстон му ја вратила самодовербата, но била и вредна лекција за победата која од Ферари ја украде во Германија и Италија. Фетел излета додека водеше на домашната трка, додека во легендарната Монца, додека возачите на Ферари се напаѓаа, тој искористи и победи, а триумфираше и на Хунгароринг кога Мерцедес немаше најдобар болид.

Сметам дека сезонава имав фантастичен болид и само помислував како да се мотивирам и да извлечам уште повеќе од него. Нема тајна формула, успеав во тоа, успеав да најдам баланс и тек и да ги имам некои од најдобрите трки поради кои станав шампион.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.