Хамилтон: Стратегијата направи голема разлика

288
   

Луис Хамилтон ја поздрави стратегијата на неговиот тим поради која тој освои пол позиција во Јапонија. Дождот беше неминовен на квалификациите, а Мерцедес се одлучи да стартува во К3 сегментот со црвените суперсофт гуми. Нивните ривали од Ферари излегоа на интермедиа гуми, но веднаш по инсталацискиот круг тие се вратија во бокс да направат промена.

Независно од ова, Ферари имаше одлични услови во средина на К3, Раиконен постави 4то време, а Фетел излета во својот обид, а време за нов на сува патека немаше.

На крајот, Фетел заврши на 9та позиција оставајќи го Хамилтон на чекор од неговата титула која теоретски би можел да ја освои на утрешната трка.

Навистина е тешко да се донесе вистинската одлука, но сепак нашиот тим направи разлика. Во секој тим има паметни луѓе кои работат под огромен притисок да ја донесат вистинската одлука и можеби затоа ние сме најдобриот тим на светот и ја заслужуваме таа пофала.

Тимот направи одлична работа и облуката околу гумите во К3 беше најтешка. Видовте сите како се обидуваа да направат нешто, а ние само дојдовме и си ја однесовме пол позицијата – изјави Хамилтон по завршувањето на квалификациите.

Одлуката на Мерцедес им донесе 1-2 старт со дури 1 секунда предност пред Макс Верстапен кој ќе стартува од 3та позиција. Хамилтон ја обезбеди неговата 80та пол позиција за да го продолжи рекордот, но сепак тој не верува во висока цел.

Немав врвен круг, но сепак ова е моја 80та пол позиција. Не верував дека ќе дојдам до 80ка без тимот. Тие работат напорно на болидот да го средат во секоја област и тоа е одлика на процесите, комуникацијата и се останато во тимот.

Навистина сум горд на тимот и сум благодарен. Големо благодарам до сите во фабриката. Горд сум на ова патување со нив и никогаш не мислев дека ќе стигнам до 80 – пресеќен е актуелниот првак.

Хамилтон ќе стартува од пол позиција со Валтери Ботас веднаш до него.


Хамилтон: Стратегијата направи голема разлика

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>