Луис Хамилтон смета дека неговата победа на Италијанското Гранд При во Септември му нанело најголема ментална болка на Ферари сезонава. Скудерија беа неприкосновени на квалификациите во Монца и го окупираа првиот ред, но Раиконен и Фетел меѓусебно се бореа, нешто што Хамилтон искористи, најпрво го мина германецот, а во срединот дел од трката и финецот.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

По победата во Италија следуваа триумфи во сингапур, Русија и Јапонија кои му помогнаа да направи голема предност и со само 4то место во Мексико Сити да ја освои титулата.

Би рекол дека мојата победа во Монца беше најголем психолошки удар за нив.

Следуваа грешки на Себ и на тимот, кога екипата ќе погреши тоа е болно, но кога лично возачот греши тоа е во негова контрола и чувството едноставно е ужасно. Тој го зема тоа при срце – објасни старо-новиот Формула 1 првак.

Претходно, Ферари ја освои домашната трка на Хамилтон на легендарниот Силверстон, така што Луис откри дека тоа што пропуштиле прв ред во Монца било тешко за сите во Бракли.

И порано сме губеле во Силверстон, но знаевме дека доаѓа Монца каде повторно ќе бидат силни. Се надевавме дека ќе ги изненадиме со некој совршен круг на квалификациите и второ место за нас.

Јас бев фрустриран, односно бев лут на сам себе, така стоеја работите и никогаш не се помирив. Сметав дека го направив секој ожен тренинг, но не бев доволно добар на квалификациите, иамв добар круг, загуби половина десетинка некаде и тоа беше разлика од второ до трето место.

Во Сабота навечер беше многу тешко, јас многу размислував колку агресивен сакав да бидам во Недела. тешко е да се дозира нивото на агресивност, ако отидете преагресивно, се извртувате и продолжувате од последно место во најдобар случај, или завршувате во бариерите во најлош случај.

Доколку не сте доволно агресивен нема да искористите можност доколку се укаже, тоа секогаш е непознаница. Не знаете што ќе се случи се додека не ви се укаже шанса и тоа е најубавата работа во тркањето – објаснува Хамилтон.

Успехот на Луис во Монца бил ментално многу важен, но тој знаел дека треба да продолжи со силна работа доколку сака да освои титула.

Не бевме целосно задоволни и покрај тоа што ситнгавме до добар резултат, затоа што знаевме дека треба да продолжиме со добрите перформанси. Се тркавме во Сингапу,р каде Ферари вообичаено не уништува, но викендот беше прекрасен за нас.

Никој од нас не можеше да ги предвиди работите кои се случија, никој не ни можеше да помисли дека ќе победиме на Хокенхајм, нити пак Монца или Сингапур.

Како тим направивме одлична работа со мнаџирање на сесиите, дали да излеземе први на квалификациите, нешто што Ферари не го предвидуваа и многу често заглавуваа во гужва. Сите овие работи ги правевме одлично, анализиравме и извршувавме – заврши Луис.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.