При посетата на првата трка од МотоГП календарот во Катар, актуелниот Формула 1 првак истакна дека сон му е да вози таков моторцикл и со сигурност ќе си го оствари.

Петкратниот првак е љубител на моторциклите, а зимава имаше тест за супербајк тимот на Јамаха во шпански Херез. Неговиот спонзор Монстер неделава ги актуелизираше плановите за замена на “машинериите“ помеѓу него и Валентино Роси.

со сигурност ќе возам еден ваков моторцикл, работам на тоа. сум имал само два денови на мотор на патека, тоа беше преклани во шпанија и возев со обичен р1 моторцикл. лани си набавив тркачки мотор и го возев на патека во шпанија така што ми треба подобра подготовка, но ќе пробам ваков мотор, тоа ми е сон и ќе си го остварам.

ја гледам секоја мотогп трка, секој викенд дури и кога се тркам јас одам пред телевизор и гледам – откри хамилтон.

Во 2016 година Монистер организираше тест возење со Хорхе Лоренцо во Силверстон со болид на Мерцедес од 2014 година. Монстер тогаш беше главен спонзор на фабричкиот МотоГП тим на Јамаха.

Валентино Роси во својата пребогата тркачка кариера има неколку тестови за Ферари од 2004 година до 2010 година, а едно време се пишуваше и дека Ферари сериозно размислува да му даде шанса на трка.