Луис Хамилтон е сомничав околу изборите во кариерата на Фернандо Алонсо и смета оти шпанецот погрешно мислел дека го контролира пазарот на возачите. Нандо е пред крајот на својата Формула 1 кариера, комплетира и ВЕЦ сезона, но реши да се повлече по 17 години во врвот на моторспортот.

сигурен сум дека можеше да освои повеќе титлу, но не дека немаше шанса за тоа. тоа зависи од носењето на исправни одлуки надвор од кокпитот.

ако мислите дека го контролирате пазарот на возачи, на крајот може да завршите со празни раце, затоа што и јас и себ во одреден момент бевме слободни возачи – смета луис.

Фернандо Алонсо има огромна почит за својот поранешен тимски колега и на прес конференцијата во Мексико го смести помеѓу 5те најдобри возачи во Формула 1 историјата. Но и старо-новиот првак има огромна почит за Нандо.

многу го почитувам затоа што е феноменален возач иако во последно време неговата репутација страда. луѓето се свесни што носи тој во формула 1.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.