Хамилтон свесен дека се побавни од Ферари

538

По петочните тренинг сесии во Италиај и заостатокто од речиси 3 десетинки во најбзиот круг, Луис Хамилтон е свесен дека сеуште заостануваат зад Ферари.

Комплетиравме многу кругови попладнето на суво време и како во Спа, гледаме дека заостануваме во однос на Ферари, како на кусите серии, така и на симулациите на трка. Моите кругов беа добри, но Ферари повторно беа побрзи од нас.

Битката трае веќе неколку кругови, тие имаат мала предност од средината на летото, но ние притискаме силно и се надваме дека ќе стигнеме до нив. Работиме без престан на секој дел од болидот, исто како што ќе работиме и ноќеска. Има некои области во кои сеуште сме дефицитарни.

Се надевам дека ќе се подобриме за квалификациите, ќе биде навистина многу блиска борба утре и на трката, но ќе дадеме се од себе, се што имаме – најави Хамилтон.

По дождливата утринска сесија, на актуелниот првак му олеснало што времето се расчистило и можел да комплетира доволно кругови на суво во пресрет на утрешниот ден.

Се разбудивме со силен дожд утрово што значеше дека нема да возиме многу на утринската сесија. Направивме неколку кругови, но потоа седевме како во канцеларија кога немате многу работа. Во еден момент и задремав во болидот.


Booking.com

Хамилтон свесен дека се побавни од Ферари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>