Луис Хамилтон призна дека Ред Бул изгледаат недостижно, откако “биковите“ доминираа на првите две тренинг сесии во Мексико. Актуелниот првак успеа да дојде само до 7мо мсто на вторите 90 минути зад возачите на Ред Бул, Рено, Ферарито на Фетел и Хартли со Торо Росо.

На некои места болидот беше добар, но на други не. Не е проблемот во еден дел и има многу работи што требад а ги подобриме во пресрет на продолжувањето на тркачкиот викенд.

Беше тешко со високите температури кои буквално ги топеа гумите, но тоа беше проблем кој го имаа сите.

На оваа патека возиме со најголемите крила, но таа е сеуште брза на правците поради надморската височина и воздухот и има многу грип низ кривинтие дури и со хиперсофт гумите – објасни Хамилто.

За освојување на својата 5та титула во кариерата на Хамилтон му треба барем 7мо место без разлика на пласманот на Фетел.

Имаме заостаток кој треба да го надоместиме и ќе ги бараме деталите кои недостасуваат за да најдеме одговори и да се поправиме. Во моментов изгледа дека Ред Бул е надвор од нашиот домет, додека Ферари како да се со нас, но ќе се обидеме да се носиме и да дадеме се од себе – заврши Хамилтон.

Неговиот колега Валтери Ботас исто така се мачеше со патеката во Мексико и на втораа тренинг сесија беше само 9ти.

Се мачевме со ритамот во двете сесии и речиси како и сите други се мачевме со гумите. Компонентите почнаа многу брзо да се распаѓаат и немаше грип поради што болидот лизгаше по патеката и дополнителнио ги трошеше гумите. Немаме одговор зошто немаме ритам, ќе направиме анализа и ќе проучиме се.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.