Хамилтон се правда: Бев истоштен и не дадов изјава

646
   

Актуелниот првак Луис Хамилтон објасни дека истоштеноста, а не лутината, довела до тоа да го “скокне“ интервјуто по крајот на трката за првопласираните тројца возачи. Тој ја загуби трката од Себастијан Ветел иако имаше пол позиција и со тоа се зголеми недостатокот во возачкиот поредок, откако имаше контакт со Кими Раиконен од Ферари на третиот свиок, по што се врати во трка како последен.

Со мала помош и од Безбедноното возило кое два пати се појави на патеката, Хамилтон успеа да го освои второто место, откако во последните кругови беше пропуштен и од тимскиот колега.

Но, наместо да остане и да даде изјава во друштво на возачите на Ферари, британецот веднаш се упати кон собата од каде се излегува на подиумот таканаречена соба за ладење (cool down room).  Луис откри дека за време на трката ослабел 3 килограми.

Загубив речиси три килограми додека се борев да се вратам на врвот денеска за мене и за мојот тим. Едвај имав енергија да станам и да одам. Ако не можете тоа да го разберете тогаш во целост ве разбирам. Како и да е, немав никаков бес и гнев во мене, буквално бев преморен физички и емотивно – изјави Хамилтон преку социјалните мрежи.

Подоцна, Луис го даде своето интервју од подиумот откако Мартин Брандл “го бркаше“ до таму.

Не го пропуштив интервјуто поради сударот со Кими, тоа воопшто не е точно. Лесно е да се седи и преку телевизија да се гледа трката, но јас се потам цела трка, давам 100%, не давам 1000% од себе, ја давам целата енергија која ја имам и повеќе од тоа.

Луѓето очекуваат да излезете од болидот, да се смешката и да мафтате и се останато. Но јас дадов се што имав во себе, се мачев да стојам, денеска трките се физички исцрпувачки. Различно е кога сте во водство и го контролирате рирамот, но јас се вратив од последно место.

Немав што да дадам по трката, морав да земам здив. Немам апсолутно никаков проблем со Кими – дополни Луис.


Хамилтон се правда: Бев истоштен и не дадов изјава

38 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>