Луис Хамилтон признава дека згрешил со претходната изјава за Сергеј Сироткин дека не покажал почит откако имаа инцидент на квалификациите во Бразил.

Возачот на Мерцедес и русинот Сергеј Сироткин ќе се судреа на почетокот на К2 откако Хамилтон возеше бавно, а Сироткин се обидуваше да ги загрее гумите и се обиде да го престаса. По инцидентот Хамилтон изјави дека Сироткин не покажал почитување.

Помеѓу сите возачи има почитување за оставањето место, можев да се обидам да го престасам Валтери или кои и да беше пред него. Сите знаеме дека е потребно место. ТОа не беше почитување на џентлменскиот договор и беше опасно за двајцата – изјави по инцидентот старо-новиот шампион.

Откако Сироткин ја објасни неговата страна на инцидентот со смирувачки тон дека шампионот не направил ништо лошо, Хамилтон го смени своето мислење.

Добро утро. Се разбудив ова утро и мислам дека треба да поправам некои зборови од вчера. Згрешив со мојата изјава за Сергеј и мислам дека е недоразбирање начинот на кој се обидов да се тргна од неговиот пат. Не успеав во тоа, но се случува и го почитувам начинот на кој тој се справи со тоа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.