Хамилтон се надева на силни Мекларен и Вилијамс

263
   

Луис Хамилтон се надева дека има светло на крајот на тунелот за неговиот поранешен тим Мекларен и паднатиот џин Вилијамс. Со комбинирани 296 победи и 36 светски титули, двата тима се едни од најуспешните во историјата на спортот. Но, ниту еден од тие тимови нема победено од 2012 година, а во последниот период нивните перформанси драстично се опаднати. Хамилтон ја освои првата титула токму со Мекларен во 2008 година.

Никогаш не го кријам фактот дека ми е жал за тоа што го гледам и тимот кој го сакав од детството не е на врвот. Вилијамс сега стартува од крајот, а порано го имаше Најџел Мансел и Дејмон Хил кои станаа шампиони.

Мекларен ми е како семејство и се мачи долго време. Се надевам има светло на крајот од тунелот. Да се надеваме дека ќе се подобрат во 2021 година, што и да одлучи Либерти ќе им помогне да се поправат – објасни Луис.

Британецот откако освои титула со Мекларен е се подобар и признава дека научил да прави разлика помеѓу успех и неуспех.

Како станувам постар, разбирам како луѓе како Тото раководат со организациајата и појасно ми е како работи може да станат погрешни. Ако се е бизнис тоа не е лесно да се поправи.


Хамилтон се надева на силни Мекларен и Вилијамс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>