Хамилтон: Сепак бевме најбрзи

919
   

Луис Хамилтон ја имаше победата во раце, но поради грешка на стратегијата и технички проблеми не ја заврши трката во Австрија и прв пат по 33 трки не заври во поени, завршувајќи ја најдолгата таква серија во Формула 1 историјата.

Поради стратегијата тој не беше повикан во бокс кога се појави Виртуелното безбедносно возило предизвикано од откажувањето на Валтери Ботас. Во тие моменти во Ферари и Ред Бул направија двојна замена на гуми кај своите возачи.

Сепак работите се влошија за британецот откако и неговиот болид откажа, што беше двојно разочарување за “сребрените стрели“.

Во тие околности, треба да се потпрете на момците од боксот бидејќи тие знаат што е тоа што треба да се направи. Знам дека целиот тим е во болка, но мора да видиме што е добро овој викенд. На крајот ние бевме најбрзи и требаше да победиме – одлучен е Луис.

Поради недоразбирање за време на Виртуелното безбедносно возило, Хамилтон падна на четврта позиција и беше престасан од Себастијан Ветел. Сепак трката за него заврши поради откажување на моторот на неговиот Мерцедес.

Тоа е што е. Ништо не може да се направи. Сега треба да се гледа напред, а јас со нетрпение чекам да го вратат болидот и да видиме што било проблемот и сигурен сум дека ќе работиме напорно тоа да не се случи повторно.


Хамилтон: Сепак бевме најбрзи

41 коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>