Луис Хамилтон изјави дека секогаш верувал дека неговата победа на Германското Гранд При била возможна, откако Себастијан Ветел “ја отвори вратата“ по неговото излетување, стартувајќи од 14 место на гридот. Со победата Хамилтон води пред Ветел со предност од 17 поени во генералниот пласман.

Саботните квалификации не беа среќни за Хамилтон, кој мораше да се откаже по првиот сегмент поради проблем со хидрауликата во неговиот болид, додека Ветел стигна до пол позиција. Но променливите временски услови во денешната трка доведоа до грешка од Себастијан, кој излета и удир во заштитните бариери.

Кога Кими Раиконен влезе во бокс за време на безбедносното возило, Хамилтон се најде во водство во трката со десетина кругови до крајот.

Верував! Очигледно беше многу, многу тешко стартувајќи од таа позиција и не изгледаше возможно, но секогаш мора да верувате.

Се молев пред стартот. Поминавме низ парадата на возачите, видов колкава имаме подршка и сакав да останам смирен, а тимот заврши одлична работа.

Болидот беше фантастичен денес. Многу сум благодарен. Никогаш не помислив дека ќе се случеше ова. Само возев сконцентриран, верував и се случи. Ми се оствари сонот благодарејќи на Бога.

Беше тешко, условите беа одлични. Кога заврна знаев дека ќе бидам во добра позиција, но никогаш не знаете што ќе се случи. По безбедносното возило другите имаа свежи пневматици, но тимот заврши одлична работа и благодарен сум на нив. Се надевам ова ја оправда вербата во мене, но и мојата во нив.

За тие кои не ме познаваат, сега ме запознавте – изјави Хамилтон.


11 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.