Луис Хамилтон изјави дека продолжувањето на неговиот договор со Мерцедес нема никаква врска со рекордните седум титули на Михаел Шумахер.

Изминатава недела Мерцедес го продолжи договорот со Хамилтон за наредните две сезони до крајот на 2020 година.

Доколку ја освои титулата оваа година тој ќе биде во можност да се приближува до седумте титули на Шумахер возејќи за Мерцедес.

Хамилтон изјави дека тоа не била причината за продолжувањето.

За мене тоа е незамисливо во моментов. Тешко е да се замисли дека ќе се освојат сите титули до крајот на договорот. Мислам дека двете години само ми даваат време. Јас ќе работам кон тоа.

Дали ова ќе биде последен договор во Ф1, Хамилтон изјави дека во моментов е невозможно да донесе одлука.

Невозможно е да се каже како ќе се чувствувам после две години. Во моментов ми е одлично и не верував дека ќе бидам толку возбуден кога потпишував. Свесен сум и за времето до пензионирање. Има толку добри причини за да се биде дел од спортот и можеби за две години мојот живот ќе биде различен и ќе сакам различни работи. Времето ќе покаже.

 


14 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.