Луис Хамилотон, водечкиот возач во гемералниот поредок кај возачите, смета дека нивните ривали од ФЕрари не го користат сиот потенцијал со кој располага нивниот болид од стартот на сезоната.

Во Кина, возачите на Мерцедес доминираа во текот на целиот викенд и на крајот стигнаа до 1-2 победа, трета од почетокот на сезоната, нешто што последен пат им успеа на Вилијамс во 1992 година.

Во Бахреин, Ферари беа моќни, а Хамилтон е свесен дека не му можеа ништо на Леклер доколку не откажеше моторот на Ферари на 10-тина кругови пред крајот на трката.

она што ние го имаме на располагање го користиме со целосниот потенцијал, но во иднина ќе имаме повеќе подобрувања на перформансите и ќе напредуваме на трките кои следат.

во бахреин имавме среќа затоа што не бевме доволно брзи да ги поразиме ферари и да победиме на трката. но, се случија некои работи кои не ставија во позициј да победуваме и тоа го направивме. сепак, во австралија и кина бевме најдобри.

ферари исто така имаат одличен болид, но сметам дека во моментов не го вадат максимумот од него, не го користат целиот потенцијал, а нивната егзекуција на стратегијата не изгледа безгрешно како во минатото.

знаеме дека ферари ни диши во врат, а знаеме и дека ред бул ќе станат силни иако во моментов не се толку убедливи како ние. ќе биде интересно на следните трки – прогнозира хамилтон.

Во досегашниот дел од сезоната, Луис не пропушта да потенцира дека по зимските тестови, Ферари имаат предност, а беше многу изненаден по првата победа од Мелбурн.

минавме низ зимските тестови каде бевме многу блиску и иако успеавме да го оптимизираме болидот, бевме неколку десетинки зад ферари и верувавме дека тие се фаворити.

ферари сеуште немаат добар викенд, иако изгледаше така во поголем дел од трката во бахреин. во кина имаа доста подеми и падови, не беа константни и убедливи. не знам каде губат, но знам дека добиваат четири десетинки на правците, а заостануваат на кривините така што ќе биде интересно да се види колку време ќе им треба да се адаптираат. има многу трки и можеби нивниот болид ќе испадне подобар од нашиот.

сеушт имаат пократок болид од нашиот и мжеби на некои трки тоа ќе биде предност за нив, но рано е да се каже.

по три едно по друго 1-2 побед мислам дека постигнуваме повеќе од можностите на болидот, но имаме и потенцијал кој треба да го извадиме.