Хамилтон сака уште повеќе подобрувања

154
   

Луис Хамилтон им посочи на своите инженери во Мерцедес дека би сакал повеќе подобрувања, откако тимот воведе нов изглед на W09 викендов во Австрија.

Сребрените Стрели се појавија со значително нова аеродинамика, откако пак минатиот викенд во Франција ја промовираа втората спецификација од нивниот агрегат. Хамилтон изјави за Скај Спортс дека болидот е навистина добр, но би сакал повеќе подобрувања за да остане на врвот.

Болидот е подобар во некои делови на патеката, а веќе беше одличен минатата недела. Би сакал повеќе подобрувања, ве молам! Другите постојано додаваат нешто, а ние чекаме за едно севкупно и големо подобрување.

Јас ќе возам агресивно за да го извадам максимумот од тоа. Болидот е добар викендов и возбуден сум за борбата која претстои.

Во Т1 болидот беше веднаш подобар, а на стартот на Т2 исто така. Но низ сесијата, стана полош. Мора да откриеме од кои причини и сигурен сум дека ќе го решиме проблемот – вели Хамилтон.

Британецот истакна дека сеуште не знае како функционираат софт пневматиците.

Поминавме девет трки и тие се однесуваат поинаку на секоја од нив. Во една сесија функционираат, во друга не и не знаете зошто. Збунувачки е – додаде Луис.


Хамилтон сака уште повеќе подобрувања

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>