Хамилтон сака помирно и поладно време

128

Луис Хамилтон е задоволен со одработениот ден во Шпанија и резултатите од Петок. Тој беше со второ најбрзо време на Т2, но го превзема лидерското место во вторите 90 минути.

Денот беше доста добар, ја комплетиравме целата програма доста брзо споредено со претходните години, но ни претстои и работа во текот на ноќта.

Ветровите, топлото време и мазниот нов асфалт ја отежнија работата на возачите денеска, а дури и Хам имаше неколку лоши моменти кога прешироко влегуваше во некои кривини и се спаси од поголема “беља“.

Навистина имаше многу ветер денеска и секој возач се мачеше со насоката од која дуваше ветерот.Пристигнувате на истиот свиок, но правецот на ветерот никогаш не е исти и поради тоа голем дел од возачите излетаа.

Вакви услови се тешки за возење и за дефинирање на соодветен сетап. Се надевам на поладно и помирно време утре.

Сигурен сум дека ќе бидеме блиску со Ред Бул и Ферари, но не можам да кажам кој има предност во моментов – објасни Хамилтон.


Хамилтон сака помирно и поладно време

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>