Хамилтон сака подобри кавалификации

202

Луис Хамилтон смета дека приоритет на Мерцедес е да ги подобри квалификациите поради големиот напредок кој Скудерија Ферари го направи на последните трки. Хамилтон и Ветел имаат по 5 пол позиции на 12те трки до сега, а пол позицијата на Валтери Ботас им дава водствто 6:5 на “сребрените“.

Луис верува дека доколку квалификациите во Унгарија биле по сува патека, “црвените“ ќе ја однеле пол позицијата, а веројатно ќе извојувале и лесна победа.

Од непозната за мене причина, трките се наша најсилна страна. Работата која во моментов ја правиме и фокусот се насочени кон подобрување на квалифиакциите. Имам 5 пол позиции од 12 трки што е добро, но може и подобро. Таму треба и мора да се подобриме затоа што трките се приказна сами за себе – смета актуелниот првак.

Во пресрет на летната пауза, британецот оди со 24 поени позитива и две победи и едно второ место на последните три трки. Од друга страна, Ветел победи на Силверстон и имаше шанса да победи на сите три последни трки, но излета во Хокенхајм, а на Хунгароринг квалификациите му ја уништија надежта за добра трка.

Се плашевме од тежок пораз по Петокот во Унгарија, но од некаква причина, во Недела се беше поинаку. Дефинитивно и самите бевме изненадени и навистина сум горд на екипата поради ритамот кој навистина силно го подобрија на последните неколку тркачки викенди. Да се дојде до две победи е навистина одлично за екипата и ја покажува нашата сила – смета Хамилтон.

Непогрешливата реализација на победа од пол позиција е причината поради која Луис бара подобри квалификации од тимот затоа што три пати сезонава беше безмилосен и не направи грешка од пол позиција, додека на Ветел тоа му успеа два пати.


Хамилтон сака подобри кавалификации

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>