Хамилтон сака повеќе трки како Монца

108
   

Луис Хамилтон е на пат кон својата 5та титула во кариерата и верува дека неговиот тим, Мерцедес, победиле во психолошката битка со Скудерија Ферари. Тој оваа сезона има 9 победи, а по колапсот на Себастијан Фетел во Јапонија ја зголеми својата предност на 67 поени на четири трки пред крајот на календарот.

Ферари ја отвори сезоната со две последователни победи и сите веруваа дека новото Ферари е класа за себе и дека доминацијата на “сребрените“ е завршена, но по се изгледа дека перформансите ги изгубија во текот на сезонава.

Мислам дека сите ние придонесовме за притисокот кон Ферари и ова е резултатот. Иако тие сеуште се сеуште добри, некој не може да го прикаже тоа. Во психолошката битка ние сме подобри и мислам дека ова го направивме сите ние. Сите даваат 100% сите испорачуваат на време и поради тоа сум благодарен на целиот тим – изјави Хамилтон.

На домашната трка за Ферари на Монца во Италија, Кими Раиконен и Себастијан Фетел доминираа на квалификации и тренинг сесиите, но кога беше најважно, на неделната трка, Хамилтон беше подобар и победи.

Кога има трки како Монца, тоа е за мене љубов. Ќе бев среќен ако сите трки се како таа. Искрено се надевам дека ќе го имаме тоа. Мислев дека ќе бидат силни како на претходните две трки, но тие изгубија перформанси и тешко е за нив. Секако треба да се тркаме до крај. На секоја трка сакам борна како на Монца. Тоа се трки кои ги сакам но штета што не е така.


Хамилтон сака повеќе трки како Монца

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>