Откако борбата за титула во конкуренција на возачи заврши, единствена мотивација за Луис Хамилтон на последните две трки во 2018 година е да му помогне на Мерцедес да стигне до петта последователна титула во конкуренција на конструктори.

Сребрените Стрели се непоразени кај констркуторите од почетокот на хибридната ера во 2014 година.

Петта последователна титула ќе ги направи Мерцедес само втора екипа по Ферари кои успеале во тој подвиг. Скудерија успеа во истото со шест последователни титули помеѓу 1999 и 2004 година.

Навистина сакам да ја освојам титулата за тимот. Навистина му значи премногу на овој тим. Моја единствена цел е да се обидам да победам на последните две трки и да им го овозможам тоа – вели Хамилтон.

Мерцедес моментално има предност од 55 поени пред италијанците, релативно удобна предност, иако тимскиот шеф Тото Волф не се чувствува толку удобно.

Нашата цел годинава е да ги освоиме двете титули, не само една или друга, така што насочени сме кон незавршената работа во Сао Паоло.

Имаме голема борба пред нас во конкуренција на конструктори и изгубивме малку од предноста пред Ферари на последните две трки, иако имавме перформанси да бидеме подобри.

Сега е моментот да останеме приземјени, да се фокусираме јасно на целта и да веруваме во нашиот процес и луѓето – вели Волф.

Од спротивна страна, Маурицио Аривабене од Ферари инсистира дека Скудерија ќе се бори со нивните ривали до самиот крај.

Првенството во конкуренција на тимови не е завршено, а тимот ја намали разликата на последните две трки.

Поради тоа сме одлучни да се бориме до самиот крај, почнувајќи од трката во Бразил – истакна Аривабене.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.