Хамилтон сака нов изглед на Сочи

147
   

Победникот на трката во Русија, Луис Хамилтон, смета дека патеката во Сочи треба да биде подобрена и даде предлог истата да се вози во спротивна насока од она што се вози 5та година по ред. Иако само 2 пати од пет трки возачот кој бил на пол победил на трката, на оваа трка имаше малку претекнувања и гледавме здодевна неделна трка.

Хамилтон победи по трет пат во Русија и смета дека изгледот на патеката треба да биде променет и Формула 1 треба да донесе подобар предлог.

Навистина е убаво тука во Сочи. Со еден извозен круг мислите дека е добро, но не е добра за тркање. Има навистина долг правец и првите два сектора се доста брзи. Во последниот сектор гумите се доста жешки и тешко е да се прати болид пред вас.

По трката реков дека треба да се сврти патеката. Не знам како би направил разлика, На друг начин мислам дека би имало повеќе тркање – објасни Луис.

Патеката во Сочи е дел од олимпискиот парк за зимските олимписки игри од 2014 година, а било какви измени ќе бидат направени по 2018 година.

Треба да го прашам Чарли дали е можно ДРС да започнува порано за да се зголеми престасувањето. Треба да бидете 1.4 секунди по круг побрз за да може да го престасате. Има патеки каде ви е потребна помал пресек за да може да престасате.

Вајтинг потврди дека барањето за ДРС било направено за време на состанокот со возачите и било доцна да се имплементира.

Беше невозможно да се направи преку ноќ. Има премногу системи кои треба да се прилагодат. Со 700 метри имаме нормална ДРС зона. Мислам дека има проблем со гумите и тие може да работат на една патека, а на друга да биде потешко. Ќе разгледаме за наредната година и ќе видиме што не работеше до сега.

Доколку има измени на патеката потребна е нова хомологација на патеката како што тоа се случи со Мисано во 2006.


Хамилтон сака нов изглед на Сочи

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>