Хамилтон сака да му ја врати услугата на Ботас

410
   

Луис Хамилтон призна дека сака да му ја врати услугата на Валтери Ботас откако финецот во Русија му ја препушти победата со цел да го зголеми водството во борбата за титула против Себастијан Фетел.

Валтери ја поведе трката, Луис беше втор и немаше ритам и брзина да нападне, по што шефот Тото Волф инсистираше да се воведа тимски наредби и да се занемат позициите помеѓу возачите откако почувствува дека Себ со своето Ферари може да го нападне.

Луис победи на трката, му се извини на Ботас кој му ја препушти својата победа, а славјто по трката беше уништено.

Јас немам проблеми да го пропуштам Ботас на некоја следна трка кога титулата ќе биде обезбедена. Но, не сметам дека на него му е потребно тоа затоа што има можност да победува на многу трки самиот. На крајот на минатата година имаше доста триумфи – смета Хамилтон.


Хамилтон сака да му ја врати услугата на Ботас

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>