Луис Хамилтон откри дека се надева на силен Ред Бул следната година за да може да се бори со Макс Верстапен за следниот наслов.

Двајцата возачи имаа борба во Бразил, Хамилтон победи на трката, но беше минат од холанѓанецот на патеката и само сударот на Макс со Естебан Окон му ја одзема победата на 21-годишникот.

Во својата изјава за Sky Sports, Луис откри дека сака борба со младиот холанѓанец за титула следната година и дека е импресиониран од својот колега откако влезе во спортот во 2015 година.

годинава ред бул се многу силни, а можам да замислам колку подобри ќе бидат догодина. мислам дека спортот ќе биде многу подобар ако ред бул се борат со мерцедес и ферари, но и останатите екипи.

макс вози навистина добро годинава, неверојатен е, млад и талентиран и сакам уште многу да се тркам пртови него.

во бразил имавме проблем со моторот и мислам дека не можев соодветно дасе борам со него, но сакам да дојде и таков ден – посака луис.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.