Актуелниот првак и лидер во Формула 1 поредокот, Луис Хамилтон, верува дека болидите на Ред Бул се класа за себе викендов на Мексиканското Гранд При. Макс Верстапен беше најбрз на сите три слободни тренинг сесии, имаше и најбрз круг по првата серија во К1, но пол позицијата со оличен последен круг ја освои неговиот колега Даниел Рикардо.

Луис Хамилтон имаше трето време со 135 илјадити делови од секундата заостаток зад Ред Бул, додека неговиот најголем конкурент, Себатијан Фетел, заостана дополнителни 76 илјадити делови од секундата.

Честитки до Даниел, тие беа премногу брзи денеска, беа во своја се до квалификациите, а и со квалификациските модови беа побрзи, особено во средниот сектор. Среќен сум и задоволен со тоа колку сум блиску до нив и да се биде на 3то место не е лош старт. Мислам дека нема да имам ритам да ги победам Ред Бул на трка – појасни Хамилтон.

Во Петок болидите на Мерцедес заостануваа секунда зад ритамот на круговите на “разјарентие бикови“.

Со оглед на фактот каков ден беше Петок, мораме да бидеме задоволни од напредокот на квалификациите. Разликата беше како ден и ноќ, во Петок се мачевмем првата сесија и не беше лоша, но втората не беше воопшто забавна за возење затоа што имавме различни болиди низ целиот болид како на техничка и механичка така и на аеродинамичка страна.

Направивме големи промени во текот на ноќта и се вративме многу посилни на место каде што не мислевме дека можем да имаме перформанси. Ќе беше многу лошо за нас доколку не успеавме да стартуваме на ултрасофт на трка и на пример стартувавме на хиперсофт.

Штом почнаа квалификациите, веднаш проценивме дека болидот е добар и дека сме во многу подобра позиција да се бориме. Мило ми е што се подобрив и ја завршив работата во мојот втор обид – објасни Луис.

Во моментов, Луис води со 70 поени пред својот ривал Сбастијан Фетел во борба за титулата, така што доколку биде барем 7ми, ќе освои титула, откако истото го стори и лани на Ерманос роригез.

Нема да возам безбедно од самиот почеток. Знам дека сите ќе “нурнат“ во првата кривина за да добијат некоја позиција и ако се олаабавите ќе бидете удрени, ако сте агресивни, повторно може да бидете удрени. Ќе се тркам како што тоа вообичаено го правам – најави шампионт.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.