Иако притисокот е голем дел од Формула 1, Луис Хамилтон смета дека неговиот овогодишен ривал за титула, Себастијан Фетел, морал да се соочи со огромен притисок кој го носи сушата во однос на освоени титули во Маранело. Британецот на последната трка во Мексико финишираше на 4то место и со тоа ја освои својата 5та шампионска титула во кариерата на две трки пред крајот на сезоната.

Насловот на Луис дојде во сезона во која Ферари и Фетел се чини дека имаа најбрз пакет и водеа во голем дел од сезоната, но по Големата награда на Германија се почна да оди наопаку за италијанците.

Последната возачка титула во Ферари ја освои Кими Раиконен во 2007 година, нешто што Луис смета дека става дополнителен притисок врз Себ.

Ако се обидувате да правите споредба, тоа секогаш излегува на насловнтие страници и многу често погрешно сте разбран. Тој си ги заслужи сите негови четири шампионски титули, но годинава притисокот кој го имаше во Ферари кои немаат освоено титула многу години, беше преголем за било чии рамења.

Мислам дека годинава иако имаше многу тешки моменти се врати во игра и тоа само покажува каков вистински шампион е тој.

Имав среќа да се тркам со многу добри возачи и не делат само ситници, но тоа е убавата страна на овој спорт – изјави Хамилтон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.