Луис Хамилтон е сигурен дека и покрај тоа што води со 30 поени пред Себастијан Ветел, неговиот пристап во пресрет на трките нема да биде променет. Двајцата си го менуваа водството во генералниот возачки поредок неколку пати во текот на сезоната, но од Германското Гранд При актуелниот првак води.

На седум трки до крајот на сезоната, а по победата на Италијанското Гранд При во Монца, Хамилтон ја има најголемата предност во поредокот сезонава.

Не сум размислувал за пситапот, но не сум го променил затоа што во моментов нема никаква причина за тоа. Многу поени се во игра, пристапот е исти во текот на целата година затоа што очигледно е дека е добар пристап. Ќе продолжиме во исти ритам до крајот иако сме свесни дека ни претстојат и некои потешки трки затоа што ни е јасно дека Ферари се пред нас во однос на ритамот и брзината и мораме да напредуваме и да ги притиснеме што нема да е лесно – смета Хамилтон.

Луис има три триумфи во Сингапур зад себе, а последниот му беше лани по катастрофалната грешка од стартот на болидите на Ферари.

Никогаш во пресрет на трки немам никакви очекувања, најискрено. Секако дека очекувам да дадам се од себе и да имам колу што може подобри перформанси. Правиме одлична работа како тим на последните неколку трки и мораме да го задржиме тоа ниво – заврши Луис.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.