Моменталниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, вели дека имал претходна можност да соработува со Нетфликс, но преговорите со компанијата згаснале.

На почетокот на сезоната, Нетфликс објави докумнтарен серијал од 10 епизоди со ретко гледиште одзади сцена во Формула 1, а серијата доби значително позитивни критики од фановите и тие инволвирани во проектот.

Водечките ривали Мерцедес и Ферари беа отсутни од серијата по обострано одбивање да учествуваат. Поради тоа, битката помеѓу Хамилтон и Фетел беше покриено минимално.

Имав можност да преговарам со нив пред некое време, пред да излезе сето ова и тоа беше индивидувална перспектива. На крајот не се случи.

И тимот сакаше да направи нешто, но тоа не се случи, а потоа Формула 1 направи нешто свое.

За серијата слушнав дека има различни мислење. Повеќето имаат позитивно мислење. Можам да помислам дека е добро за спортот и за луѓето кои не го разбираат и помислуваат зошто да гледаш трка, гледај ја на Нетфликс, мислам дека е добро.

Се надевам дека ќе продолжат така, иако ја немам гледано и одвај чекам на втората сезона и продолжетоците.

Запрашан дали сакал да биде вклучен во серијата, Хамилтон го одговори следното:

Не ме интересира, ако сум искрен. Слушнав дека сум во нејзе делумно. Тоа е серија за Формула 1, не за индивидуа.

Откако истакнаа дека интензивната битка со Ферари е причина за нивното отсуство, Мерцедес сега размислува да биде дел од втората сезона на серијалот, која ќе биде објавена по 2019 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.