Луис Хамилтон смета дека тркањето во Формула 1 моментално е под влијание на пневматиците и правилата кои спречуваат “вистинско тркање“, но се надева на промените во 2019 година.

Моменталниот шампион вели дека тркачката стратегија се сведува често на максимизација на пневматиците наместо на способностите на возачот и болидот, а дека истите во 2018 година биле премногу осетливи на температура.

Ккао што беше често видливо во 2018 година, возачите ги чуваа пневматиците за да изведат стратегија од едно влегување, што на крајот ја ограничи целата стратегија, а на некои трки, одредени компоненти беа доволно издржани за цела трка.

Хамилтон смета дека ефект влијае над Формула 1 и ја спречува можноста за вистинско тркање во нормални услови.

Понекогаш можеме цела трка да ја извозиме со истите пневматици, Но секогаш сум претпазлив кога ќе ми го кажат тоа.

Не знам како е за сите, но немавме премногу трки каде можевме да возиме на самиот лимит. Има премногу Lift and Coast, бидејќи превматиците се прегреваат.

Не гледате вистинско целосно тркање, но тоа е случајот веќе подолг период, со овие пневматици – вели Хамилтон.

По барање на формула 1, Пирели ќе го поедностави изборот на пневматици за 2019 година, со задржување на три имиња и бои (хард, медиум и софт) за секоја трка, додека компонентата ќе биде избрана од производителот. Пирели исто така ќе го намали бројот на компонентите од седум на шест, а целта е да се има појасна разлика во перформанси и разлика во време помеѓу секоја компонента.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.