Луис Хамилтон изгледа песимистички во своите коментари околу шансите за добар резултат на Германското Гранд При откако проблем со хидрауликата го примораа да се откаже од квалификациската сесија и утрешната трка ќе ја стартува од ниската 14та позиција.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Очаен да го врати болидот до боксовите, Хамилтон излезе од истиот и го туркаше покрај патеката, но накратко застана и видно разочарано седна покрај него. Во минатата трка во Силверстон, Хамилтон мораше да се бори назад кон челните места, откако во првиот свиок од трката беше удрен од Кими Раиконен по што падна на последното место.

Луис го очекува уште една тешка неделна трка и во Германија. Сепак тој смета дека пласман на второ место како во Британија е надвор од дофат.

Дефинитивно е тешко, но вакви работи се случуваат. Се што можам да направам е да се фокусирам и да борам повторно, така што ќе дадам се од себе и ќе видиме колку високо можам да завршам, но нема да биде како во Силверстон.

Сигурен сум дека ќе освојам поени, но колку не знам – изјави Хамилтон.

Запрашан дали проблемот со хидрауликата е резултат од преагресивно поминување на ивиците во првиот свиок, тој го даде следното мислење:

Се случи и претходно. Исто поминав како во секој круг. Момент пред ивицата нешто се случи со управувањето и мислам дека тоа беше проблемот.

Видов дека истекува масло и знаев дека морам да застанам и да ги оставам да го отстранат болидот. Имам желба да не се откажам, така што ќе продолжам да напаѓам – додаде Луис.


1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.