Старо-новиот светски шампион, Луис Хамилтон, верува дека партнерството со Валтери Ботас во Мерцедес е најдобро до сега во однос на почит и тимска работа.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Финецот дојде во Мерцедес во 2017 година на местото на пензионираниот шампион Нико Розберг, а Луис во тандем со него освои две возачки и две конструкторски титули. Хамилтон верува дека начинот на кој се поставил Ботас на патеката и надвор од неа влијае на неговиот успех во 2018 година.

Еден од најтешките моменти за мене беше во Русија. Тоа што ме пропушти во Русија беше одвратно, но тоа го почувствуваме сите. Мислам дека и за Валтери не беше убаво чувството.

Имам голема почит за него. Знам како работи и колку напорно работа, и не си играме играчки за да го отфрлиме. Всушност работиме заедно. Има времиња во кои сум дознал нешто кога го местам болидот и го споделувам со него и разменуваме информации. Ова е најголемото и најдоброто партнерство во смисла на почит и тимска работа што постоело некогаш во Формула 1 – смета Луис.

Тој додаде дека Ботас имал одлична сезона и до крајот ќе се бори.

Оваа сезона беше најдобра за нас. За тимот не е важно кој возач ќе победи, бидејќи има сценарија каде тој е напред, а јас сум втор возач и морам да ја играм мојата улога. Моја цел е секогаш да сум напред дури и ако треба да поддржам некој како што е Валтери.

Оваа година  тој имаше тешки трки како онаа во Баку што беше голем удар за него. Тој ја заслужи победата и тогаш му пукна гумата. Многу сум му благодарен како колега за помошта што ми ја даде за да го достигнам мојот сон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.