Луис Хамилтон е свесен дека ќе биде под голем притисок во Мексико, но сака да се ослободи од истиот и да ја заврши работата, односно да ја освои својата 5та шампионска титука викендов. Британецот треба да заврши на некоја од првите 7 позиции во Недела за да ја обезбеди титулата, под улосв Фетел да победи.

Ако седев и гледав Формула 1 трки на телевизија, тогаш секекао деке ќе сакав борба за титула до посленда трка, но јас не седам, јас се тркам и се борам. Притисокот е огромен, јас сум во него и сакам да ја завршам работата. Штом се опуштам и притисокот го нема, тогаш можам повеќе да уживам. Ова е само бонус на веќе неверојатна година, а моја цел е да победам на трката викендов – најави Луис.

Тој не го сфаќа “здраво за готово“ своето водство и водството на Мерцедес и сака пласман и перформанси со цел да се обезбедат титулите.

Тешко е да се види од надвор, но има уште многу поени за освојување и многу работи може да тргнат наопаку. Многу луѓе сметсаат на мене да ја освојам и конструкторската титула за нив, има уште три трки и да се биде дел од тимот значи да се почувствува нивната болка од неуспех. Сметам дека екипата заслужи да биде во ваква добра позиција во пресрет на последните трки.

Ферари беа навистина многу брзи минатата трка, така што мора да претпоставиме дека повторно ќе бидат. Лани овдека беа побрзи од нас, всушност тие и Ред Бул беа топ 3 во Мексико.

Разликите во моќ на оваа патека не се многу важни. Ред Бул имаат одличен болид и знам дека ќе бидат многу конкурентни, ќе биде тешко да сеп обедат. Минатата трка беа втори, а ќе бидат силни и на квалификации. Нетрпелив сум – објасни Хамилтон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.