Луис Хамилтон ги откри зборовите кои му ги кажал Себастијан Фетел по освојувањето на титулата во Мексико. Британецот стигна до својата 5та шампионска титула со 4то место на Ерманос Родригез во Мексико Сити на две трки пред крајо на сезоната во која се бореше со Себастиајн Фетел и Ферари.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Веднаш по крајот на трката, додела Себ ја даваше својата задолжителна изјава, прекина и отиде да му честита на својот конкурент, а Луис откри што точно му кажал германецот.

Дојде и ми кажа “Само не попуштај, ми треба да се бориш со мене и следната година“. Тие зборови навистина многу ги почитувам.

Јас му одговорив само дека сум благодарен што бил толку силен конкурент годинава, но се се случи толку брзо и не памтам точно што ми кажа, но на крајот беше феноменален приказ на спортско однесување и огромна почит меѓу нас. Возеше фантастично добро на трката и ќе биде уште посилен.

Јас морам да останам сконцентриран и да се вратам уште посилен во иднина – најави Луис.

По крајот на трката, Фетел повторно покажа класа влегувајќи во гаражата на Мерцедес и честитајќи им на членовите на екипата.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.