Луис и Себастијан Фетел половина сезона се бореа за титула се до крајот на летната пауза кога Ферари грешеше, а Мерцедес влезе во форма и бртанеот ја направи клучната предност за да стигне до 5та шампионска титула.

По крајот на сезоната и последната трка во Абу Даби, Хамилтон добил СМС порака од својот ривал, Себастијан Фетел, порака во која германецот имал многу посебно барање.

тој ми прати порака и ме запраша дали сакам да си размениме кациги. фудбалерите менуваат дресови цело време, но кацигите се многу поскапи од дресовите за да се менуваат секогаш. кацигите се на некој начин скапоцени за нас.

јас никогаш не ги давам моите кациги, само еднаш имам разменето кацига со михаел шумахер. можеби има уште 1-2 возачи со кои сум го направил тоа, но не ги давам лесно – открива хамилтон.

Британецот веднаш ја прифатил понудата на својот колега, гест кој докажува колку тие двајца се почитуваат.

тоа беше навистина посебен момент затоа што седам крај четирикратен првак кој постигнал многу. тој е голем човек и неверојатен возач. размената на кациги е врвен знак на огромна почит.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.