Крунисувањето на петкратниот шампион Луис Хамилтон дојде после тежок викенд за него, а тој откри дека неговиот дедо починал неколку денови пред трката во Мексико.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Британецот заврши на 4та позиција на Ерманос Родригез и си ја осигура 5та титула, што е четврта за него во последните 5 години, а се израмни на второто место со големиот Хуан Мануел Фанџо кој исто така има 5 наслови.

Луис Хамилтон поголемиот дел од кариерата беше менаџиран од неговиот татко, а сега Луис зборуваше за улогата на семејството во неговиот успех.

Знаете имав тежок викенд, бидејќи дедо ми почина во Четврток. Нормално е кога ќе почине некој да се собере целото семејство бидејќи тој е глава на семејството. Мојот татко и јас бевме блиски со него и никогаш нема да заборавам што тој не научи и направи за да дојдам до тука.

Тој навистина ме инспирираше бидејќи беше силен црн човек и пројде низ доста тешко време како мал. Ова е тестамент на тоа каде сме ние. Напорно работеше и мојот дедо е горд на него и мислам дека ние сме тука и ќе влеземе во историјата поради него – пол со емоции изјави Луис.

Хамилтон потврди дека зборува за неговиот дедо од страна на татко му кој емигрирал од Гранада во Англија.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.