1021

Луис Хамилтон ќе ја задржи победата на Германското Гранд При откако стјуардите по долга истрага одлучија само да го опоменат возачот на Мерцедес за прекршување на правилото пред влезот во боксовите.

Хамилтон беше под истрага бидејќи влезе во боксовите, ја премина означената линија, а потоа пресече преку тревата и се врати на патеката. Според правилникот на ФИА, истото е строго забрането.Во исто време, Хамилтон го превзеде водството пред Валтери Ботас и Кими Раиконен, кој пак влезе во бокс пред него.

Иако е потврдено дека Хамилтон го прекршил правилото, официјалната одлука на стјуардите открива дека тој избегнал посериозна казна поради следното:

  • Возачот и тимот искрено ја признале грешката и фактот дека имало конфузија во екипата дали тој да остане или да влезе во боксовите, што пак доведе до прекршување на правилото;
  • Фактот што прекршувањето се случило за време на Безбедносно Возило;
  • Во ниту еден момент  не постоела опасност кон друг конкурент и дека промената на правецот била изведена на безбеден начин.

Хамилтон опоменат, нема дополнителна казна

40 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>