Хамилтон: Одложувањето на новиот мотор ќе биде проблем

214

Моменталниот светски шампион, Луис Хамилтон, верува дека одлуката на Мерцедес да го одложат воведувањето на новиот агрегат ќе има значителни последици на патека со карактеристики како Канадското Гранд При.

Мерцедес потврди на почетокот на неделата дека подобрувањето ќе биде донесено според планот викендов во Монтреал. Муштериските тимови како Форс Индија и Вилијамс исто така требаше да го добијат новиот агрегат за овој настан.

Сепак, во Средата Мерцедес истакна дека поради проблем со квалитетот тие се приморани да го одложат воведувањето до следната трка во Франција.

Тоа значи дека Хамилтон и Ботас ќе ја користат старата спецификација која веќе помина шест трки сезонава. Главните ривали како Ферари, заедно со Рено и Хонда, ќе имаат подобрен пакет викендов, а Хамилтон очекува дека одложувањето може да им наштети на нивните шанси за успех.

Ова е патека која бара повеќе моќ, што беше наша цел со подобрувањето. Момците работеа многу напорно, но мораше да се донесе разумна одлука што е штета, но ќе пробаме да успееме и без тоа.

Тоа ќе значи дека нашите перформанси најверојатно нема да бидат најдобри. Ова ќе биде 7 трка за моменталниот агрегат, а наша цел е тие да ги имаат истите перформанси постојано, но нормално е да има деградација и да се изгубат коњски сили.

Доколку сме блиску до 7.000 или 8.000 километри од животот на моторот, тој дефинитивно ќе изгуби перформанси, а на патека која бара повеќе моќ, таа загуба е значително поголема – изјави Хамилтон.

Луис има шест победи во Канада, како и во последните три години. Викендов ќе го започне со предност од 14 поени пред неговиот ривал од Ферари, Себастијан Ветел.


Хамилтон: Одложувањето на новиот мотор ќе биде проблем

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>