Луис откри дека е против проширувањето на календарот со повеќе од 21 трка колку што се на број во моментов.

Виетнам ќе стане дел од календарот во 2020 година, а преговорите со Мајами и холандски Зандворт се во завршна фаза, по што календарот за две години може да се прошири на 23-24 трки. Старо-новиот првак, Луис Хамилтон, смета дека календарот не треба да се проширува, туку сосема спротивно.

се чувствувам како да сме имале 25 трки годинава да бидам искрен, а лично сметам дека тоа не е добро. не знам кој е идеалниот број на трки, но по мене кога имавме 18 трки беше најдобро.

јас сум човек кој навистина многу го сака тркањето, но сезоната е предолга и обврската за сите нас преголема, времето надвор од дома предолго.

сезоната уште повеќе се продожлува, а за сметка на тоа одморот се скратува. како натпреварувач секако дека можам да зборувам само за себе.

почнувате да се подготвувате за следната година штом оваа заврши, а тоа е многу многу тешко. паралелно со подготовките мора да најдете време да се исклучите и да ги наполните батериите. јас нема да се тркам кога ќе има 25 трки, може да бидете сигурни – најави хамилтон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.