Хамилтон сеуште не сака да зборува за титула

157
   

И  покрај огромната предност од 67 поени која ја има по најновата победа во Јапонија, британецот Луис Хамилтон смета дека треба полека, чекор по чекор, да дојде до титулата. Тој имаше одлична трка во Сузука откако беше најбрз цел викенд, победи на квалификациите и доминираше и денеска.

Стартувајќи од пол позиција тој водеше сите кругови и дојде од шеста победа во последните седум трки, а загуби само на Спа од Фетел и Ферари. Со најновата победа тој има 67 поени предност пред Фетел и титулата му е на дофат веќе на наредната трка во Остин.

Искрено мислам дека треба да одам еден по еден чекор. Секоја недела кога имаме позитивен викенд одиме кон наредниот и не сме сигурни како ќе излезе. Мислам дека покажавме дека сме силни како тим. Американски Остин е добра патека и со нетрпение очекувам да го пуштам ѕверот таму – најави Луис/

За викендов во Јапонија, тимот направи Хамилтон да има перфектен резултат со исклучок на најбрзиот круг кој му припадна на Фетел.

Беше ослично, многу сум задоволен затоа што цел викенд бевме силни. Донесовме 1-2 победа и ја покажавме моќта на тимот. Оваа патека е најдобра во светот. Не знам зошто не прават вакви патеки кои со секоја секунда се се поинтересни. Ги менаџирав гумите и сакав да го задржам темпото. Кога се тркате долго време важно е да сте задоволни што повеќе.

Тој во текот на трката два пати преку тимското радио се обрати до екипата околу проблеми кои ги почувствува со својот мотор.

Го прашав тимот и тие рекоа дека се е во ред. Момците покрај патеката и во фабриката работат напорно да го направат ѕверот и ја сум горд и благораден за шансата што ми ја даваат. Одамна не сум се чувствувал вака како да ми е прв пат – заврши актуелниот првак.


Хамилтон сеуште не сака да зборува за титула

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>