Хамилтон не очекувал Фетел така “да падне“

407
   

Луис Хамилтон призна дека никогаш не очекувал Ферари и Фетел така “да паднат“ во борбата за титула оваа сезона. Британецот стигна до 4та последователна победа или 6та на последните седум трки во Јапонија што го стави на прагот на нова титула, 5та за него во Формула 1 кариерата.

Фетел на Сузука се изврте во 8от круг откако преамбициозно сакаше да го мине Макс Верстапен и мораше на крајот да се задоволи со 6то место. Во моментов германецот заостанува 67 поени на четири трки до крајот на првенството.

До средина од сезоната тие беа многу силни. Потоа отидовме на Монца, а потоа беа сеуште силни, но од Сингапур некако почнаа да се распаѓаат. Дефинитивно не го предвидив и го очекував тоа. Нивните перформанси не се на исто ниво, но се силни како што беа претодно.

Немам одговор за тоа што им се случи, тоа не е предмет на мој фокус, но сигурен сум дека Себастијан може да каже што се случило.

Ние се фокусираме најдобро што можеме да си ја завршиме нашата работа и да го максимизираме нашиот сопствен потенцијал – најави Хамилтон.

Италијанците имаа побрз пакет од “сребрените“, но тоа траеше до трката во Сингапур каде Мерцедес традицонално се слаби, но годинава Луис победи од пол позиција. Згора на тоа, Фетел загуби поени додека водеше во Германија, а направи и лоша грешка во дуелот со Луис на домашната Монца.

Мора високо да ги поставите своите цели. Како што сезоната одминуваше ние имавме се повисоки цели, а на средина од првенството имавме победа по која отидовме на летната пауза.

Притискавме сино за да се вратиме посилни, на тоа се надевавме сите иако секгоаш постои доза на несигурност.


Хамилтон не очекувал Фетел така “да падне“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>