Луис Хамилтон откри дека му е тешко да замисли да го напушти “својот“ Мерцедес во Формула 1 тркачката серија откако ја освои својата 5та шампионска титула, 4та за сребрениот тим во 5 тркачки сезони. Единствена негова титула надвор од фабричкиот тим на Мередес беше во 2008 година кога го ослови насловот за Мекларен, но повторно со мотор на Мерцедес.

Со последната титула од минатиот викенд, Хамилтон се изедначи со Фанџо по бројот на освоени титули, така што единствено Михаел Шумахер остана пред него. Британецот не смета дека на крајот ќе треба да го напушти Мерцедес за да покаже и докаже дека може да освои титула и со друг производител осве германскиот.

Освоив титула со Мекларен што е различна екипа, така што имам титули со две различни екипи. Михаел имаше пет титули со една екипа, со Ферари, а уште две со Бенетон, така што двајцата имаме титули со две екипи.

Во моментов е многу тешко дури и да се замислам на друго место. Ова е мое семејство, овдека пораснав, но истото го кажав и кога бев во Мекларен.

Мислам дека една од причините поради која сакав да направам трансфер и да одам на друго место беше за да видам дали можам да направам нешто посебно на друго место да се докажам во друга екипа.

Во моментов не гледам потреба да бидам во друга екипа за да освојам друга титула, но никогаш не вели никогаш – објасни Хамилтон.

Во Јули годинава тој откри дека потпишал ново двегодишно продолжување на својата соработка со Мерцедес, што значи ќе остане дел од Бракли до 2020 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.