Старо-новиот шампион, Луис Хамилтон, изјави дека не смее да се опушти откако ја освои својата 5та титула бидејќи нема идеја каде тимот ги изгубил перформасите на последните две трки. Британецот победи на четири трки по ред и направи одлична разлика во шампионатот во однос на својот најголем конкурент, Себастијан Фетел, но на последните две трки тој имаше доста проблеми.

Имаме уште многу работа. Ќе се вратиме во фабриката и ќе мора да го најдеме проблемот и да победиме на последните трки. Тоа е главниот фокус затоа што конструкторската титула сеуште не е освоена – појасни Хамилтон.

Мерцедес се мачеше со задните гуми во Мексико како дополнителен проблем покрај сите останати екипи кои имаа проблем само со предната лева гума. Една теорија е дека Мерцедес немале доволно кругови на тренинзите откако во Америка врнеше а во Мексико патеката е полизгава.

Мислам дека немавме ниту еден круг во кој гумите проработеа како што требаше. Немам објаснување, но промените се тешки.

Луис изјави дека го поздравува моментот што се израмнил со великанот Хуан Мануел Фанџо, но сепак тоа ќе мора да биде заменето со останатите приоритети до крајот на сезоната. Сепак во исто време тој има емотивен конфликт поради тоа што освоил титула а имал тешка трка.

Крајот не беше лош но на крајот сеуште ни останува констуркторксата титула. Денес изгубивме поени во однос на Ферари кои му требаа на тимот и затоа имаме уште две трки да победиме – најави Хамилтон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.