Луис Хамилтон се сомнева дека ќе уживал во неверојатната кариера досега доколку не успеал да стигне до шампионската титула во последниот круг од Бразилското Гранд При во 2008 година.

Хамилтон се враќа на патеката 10 години подоцна како петкратен шампион, доминирајќи во Формула 1 во последните 5 сезони.

Познатиот маневар над Тимо Глок во последните метри од 2008 година му помогна на Хамилтон да стигне до пласман на петто место, доволно да го порази Фелипе Маса за титулата со само 1 поен.

Хамилтон ја изгуби титулата за само 1 поен годината претходно, излетувајќи во песочниот дел на трката во Кина со што беше спречен да освои титула во својата деби сезона, а смета дека втор неуспех ќе го уништел.

Тоа беше едно од најлошите, ако не и најлошото искуство кога загубив во првата година, во 2007 година. Иако не очекував да победам во мојата прва година, стресот и напорите во првата година беа премногу за незрел ум каков што беше мојот.

Но, потоа откако се извадив од “дупката“ по крајот на 2007 година, да се вратам во 2008 година, силен, да победам на првата трка и потоа да стигнам до крајот на сезоната повторно … Не знам како ќе се вратев од тоа. Не знам како спортистите наоѓаат начин да се вратат.

Знам дека постојат полоши работи во животот, но кога сте психолошки потиштени, имате спортисти кои се навистина одлични, а потоа имаат еден лош момент и тешко е да се вратат – изјави Хамилтон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.