Хамилтон непопустлив: Му оставив доволно простор на Ветел

850

Луис Хамилтон не попушта. Му оставил доволно простор на Себастијан Ветел во втората шикана при првиот круг од Италијанското Гранд При, кога дојде до контакт помеѓу двајцата возачи поради што Ветел се изврте.

Хамилтон стартуваше позади дуото на Ферари и беше на трето место по првиот свиок. Но Ветел се обиде да го претекне Раиконен во Варијанте дела Роџија, а Хамилтон го искористи просторот од надворешната страна.

Двајцата се судрија во првиот дел од шиканата, Ветел се изврте, а Хамилтон продолжи со нападите кон Раиконен за на крајот и да победи во трката.

Ветел, кој ја заврши трката на четвртто место и сега заостанува позади Хамилтон со 30 поени, го обвини британецот за инцидентот, но возачот на Мерцедес е убеден дека не сторил ништо погрешно.

Мислам дека сите имавме слични стартови. Јас пролизгав во првиот свиок и бев изненаден што Себ се премести кон левата страна. Стигнавме до првиот свиок и имаше мал контакт, но повторно бев изненаден што тој отиде од внатрешна страна, а не од надворешна покрај Кими.

Тоа беше мојата можност, отидов од надвор и се осигурав дека има доволно простор, го имав истото искуство пред неколку години од внатрешната страна и немав позитивен исход. Мислам дека имаше доволно простор помеѓу нас. Претпоставувам дека тој ги блокираше сопирачките, имавме контакт, болидот беше малку оштетен, но можев да продолжам.

Задниот дел немав добар баланс по контактот, што направи се да биде потешко, но не невозможно.

Не очекував да победиме. Стартував од трето место, гледајќи кон формата во трка, не знаев дека ќе можевме да се бориме. Планирав да бидам во рамки од 1,5 секунди заостанување и мислев дека ќе биде тешка борба. Имавме голем притисок да постигнеме резултат, за тимот, спонзорите и на мене лично.

Никогаш не очекував да победам, но се молев. Стартував со јасна цел, но никогаш не знаете, понекогаш тие бегаат, како во Спа – изјави Хамилтон.

Хамилтон изјави дека не сакал да ризикува премногу против Раиконен, бидејќи Ветел е неговиот приоритет.

По квалификациите се обидов да пресметам колку да бидам агресивен, бидејќи мојата трка не е против Кими, туку против Себастијан.

Се обидов да го претекнам Кими. Само што му кажав дека тој имаше фантастична трка, тој возеше неверојатно фер, го почитувам толку многу. Навистина уживам во тркање против него.

Но да, претекнувањето над Себастијан по стартот беше голема пресвртница – додаде Хамилтон.


Хамилтон непопустлив: Му оставив доволно простор на Ветел

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>