Луис Хамилтон истакна дека нема да му врши многу услуги на тимскиот колега во Мерцедес, Валтери Ботас, доколку му подари победа за возврат за таа од Сочи.

Ботас беше определен во помошна улога за Хамилтон при битката за титулата годинава, а воедно му беше наредено да го пропушти британецот кога беше на пат кон својата прва победа од сезоната на Руското Гранд При.

Хамилтон веќе ја освои својата петта титула, што значи дека Ботас сега слободно може да го нападне својот тимски колега на двете трки до крајот од сезоната. Сепак, шампионот инсистира дека нема план во Мерцедес за враќање на победата кон Ботас.

Тимот нема да ја донесе таа одлука. Доколку сум во позиција, тоа не е нешто што сум го прашал Валтери, доколку го сака тоа, но не верувам дека ќе го сака тоа. Тој ќе сака да победи на свој начин.

Така што не знам дали би му вршел услуга доколку му подарам победа, мислам дека тој не го сака тоа, тој може да стигне самиот до победа.

Се што можам да направам е да дадам подршка во процесот, во текот на викендот. Секогаш сум отворен со мојот сетап и ќе продолжам со тоа – вели Хамилтон.

Запрашан околу ставот на Хамилтон, Ботас се согласува и истакна дека не е заинтересиран да добие победа како подарок.

Дефинитивно не би сакал да победам со подарок. Сакам сам да победам на трка. Тука во Бразил, знаејќи дека има простор за јас да стигнам до победа, тоа очигледно е добро чувство.

Претпоставувам дека сите знаете која е мојата цел за викендот. Но се зависи од мене и треба да покажам перформанси за да се борам за победа – вели Ботас.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.