Луис откри дека не бил голем обожавател и немал високо мислење за Ники Лауда кога австриецот дошол во Мерцедес.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

“Летечкиот Ники“ му помогна на Мерцедес да го земе Луис од Мекларен, а британецот многу му замерил поради критиките насочени кон него поради сударот со Фелипе Маса во Монако од 2011 година.

тоа што го направи хамилтон таму е надвор од сите граници. тој е луд и доколку фиа не направи нешто да го казни, јас не го разбирам спортот повеќе. во одреден момент треба да престанат сите шеги, не смее така да се вози затоа што некој ќе загине – изјави Лауда за РТЛ во таа 2011 година.

Хамилтон откри дека токму тие критики многу негативно влијаеле кон него кога прв пат преговарал со Лауда, но Ники го скршил мразот со зборовите “Ти си тркач, исто како и јас“.

одтогаш нашата врска е се подобра и подобра. го сакам ники, ми недостига и сакам колку што може поскоро да се врати, но да бидам искрен првично немав високо мислење за него.

често му праќам видео пораки од брифинзите со инженерите за да биде информиран со се што се случува. ми се јави минатата недела и беше навистина убаво повторно да му го чујам гласот. бев пресреќен што операцијата минала добро, се шегуваше со мене и беше расположен – откри хамилтон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.