Актуелнот првак, Луис Хамилтон, најави повеќе возење МотоГП моторцикли на две тркала откако потврди свое присуство на отварањето на сезоната во Катар викендов.

Британецот е самопрогласен обожавател на моторциклите на две тркала, а на патеката Лосиал викендов ќе биде специјален гостин на Петронас СРТ Јамаха тимот, кој има исти спонзор со неговиот Мередес. Тоа ќе биде прва посета ан МотоГП трка од страна на Луис по трката во Шпанија во 2015 година, но и по возењето на Јамаха супербајк на тест во Херез во Декември.

секогаш сум обожавал мотори и воздбуден што ќе бидам на трката. нема да ја гледам цела трка, но сакам да видам како работат возачите, колку се поразлични квалификациите од нашите и со каков фидбек се работи таму. тоа што ќе го видам ќе го користам како искуство, но престар сум за мотогп, таму има млади дечки како маркез. сепак, ќе биде забавно – најави хамилтон.

Британецот на својот тест во Херез возеше со фабричките супербајк возачи на Јамаха, Мајкл ван дер Марк и Алекс Лоус, но не можеше да стигне блиску до нивното ниво.

кога возев супербајк не успевав да дојдам до полна гас како што правеа супербајк возачите, така што имам многу за учење. возењето мотори е целосно различно од возење болиди, но јас сум возбуден кога имам нешто за учење.