Луис Хамилтон смета дека моментот кога за малку ќе се судреше со Себастиајн Ветел за време на втората тренинг сесија во Сингапур е почетничка грешка од негова страна. Британецот се обиде да го мине Себ пред 14от свиок на кпатеката, се откажа од потегот со пресилно кочење зад Ферари промашувајќи ја кривината и не заврши во ограда само поради проширувањето на патеката во тој дел.

Ги оставив Ветел и Перез да ме минат, но двајцата се откажаа од своите кругови и се движеа доста бавно, а јас се обидував да надоместам. Балансот на сопирачките ми беше премногу кон напред, Себастијан се обиде да забрзаи моите сопирачки се блокираа и за малку ќе завршев во него и морав да направам маневар да ги избегнам поради што ги уништив гумите. Почетничка грешка која не ми се случува често – појасни Хамилтон.

Втората тренинг сесија возачот на Мерцедес ја заврши со второ време и само 11 илјадитинки заостанување во однос на Ферарито на Кими Раиконен.

Имавме добар резултат и на првата сесија, но на втората направивме промени и изненадвуачки бевме многу блику до Ферари. Не знам дали беше реално или не, ќе дознаеме на квалификациите, но болидот дефинитивно е подобар од овдешките трки во минатото.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.