Хамилтон: Моторот не е виновен

443

Луис Хамилтон изјави дека неговите слаби перформанси во квалификациската сесија за Големата Награда на Канада се должат на негова грешка, а не поради моторот со стари спецификации.

Земајќи ја во предвид доминацијата на Хамилтон на патеката Жил Вилнев изминативе години, постоеше големо очекување тој повторно да доминира во Канада. Но, британецот не успеа да најде ритам во текот на квалификациите и не беше закана за Себастијан Ветел и Валтери Ботас.

Макс Верстапен успеа да го симне Хамилтон од третата позиција, но според Луис одложувањето на новата агрегатна единица не е причина за слабата сесија.

Не сметам дека денешните перформанси се должат на фактот што користиме стар агрегат. Себастијан едноставно заврши подобра работа кога беше најважно.

Денес немав добра форма. Не верувам дека моторот е крив. Моите кругови не беа доволно добри и не најдов ритам. Не успеав да бидам побрз и сесијата беше тешка. Во тренингот изгледаше добро и мислам дека можев да бидам најбрз во Т3. Но, во квалификациите не успеав да го најдам потенцијалот.

Нашата форма во трка би требало да биде добра, но и формата на единечен круг не е лоша. Но ќе биде тешко за претекнување. Не сум размислил премногу за тоа. Беше блиску, но останатите завршија подобра работа.

Ќе биде тешко да се победи тука од 4то место, но ништо не е невозможно. Мојот фокус е целосно на трката – изјави Хамилтон.


Хамилтон: Моторот не е виновен

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>