Луис Хамилтон вели дека Мерцедес ќе мора да напреднат со цел да го победат Ферари годинава, сред блиска борба помеѓу челните екипи.

Мерцедес доминираат во Формула 1 помеѓу 2014 и 2016 година, но “новиот“ Ферари го предизвика шампионот минатата година пред да опаднат нивните перформанси во последната третина од сезоната.

Мерцедес и Ферари имаат по пет пол позиции годинава, како и четири победи поединечно, додека Ред Бул победи на три трки.

Ферари и Себастијан Ветел беа во целосна контрола на Германското Гранд При, се додека германецот не излета и удри во заштитните бариери, давајќи му го местото на Хамилтон и Мерцедес.

Со тој резултат, Хамилтон сега има предност од 17 поени пред Ветел во борбата за титула, додека Мерцедес се во водство пред Ферари, со 8 поени.

Се тркаме против екипа која е побрза од нас годинава. Минатата година ние имавме добар баланс, во некои викенди тие беа побрзи од нас, но во некои ние бевме побрзи од нив, но оваа сезона, тие се подобри.

Мора да напреднуваме секој викенд и да извлечеме повеќе од максимумот кога не сме доволно брзи. Притисокот е да испорачаме што повеќе доколку сакаме да бидеме број еден на крајот.

Не функционираме на 100 проценти секој викенд и имаме неколку работи кои треба да ги подобриме.

Ферари направија чекор напред, особено во квалификациските перформанси, што значи дека не чека многу работа за да се бориме против нив. Тоа е најдоброто нешто кај оваа екипа. Тие се фокусирани. Не се жалат. Едноставно мора да бидеме подобри.

Ако имаме проблем во Сабота или Недела, тој проблем веќе се разгледува и имаме подобрување истата недела. За мене, тоа е лудо, тоа што веќе имаат решение, толку интелегентни луѓе имаме во фабриката. Тоа ме фасцинира. Сите имаат толку ентузијазам – изјави Хамилтон.


15 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.