На Луис Хамилтон повеќе пати му било сугерирано да побрза да ја заврши трката бидејќи Мерцедес се плашеле дека може да бидат казнати со временска казна.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Иако светскиот шампион на крајот доби само опомена за менување на правец на влез о бокс и враќање на патека, радио комуникацијата открива колку Мерцедес се обидувале да го намалат ризикот од казна.

Мерцедес го повика Валтери Ботас да се откаже од борбата со Хамилтон, тимот всушност го одбил и барањето на британецот да ја намали моќноста на моторот при крајот на трката. Всушност Питер Бонингтон, инженерот на трка за Хамилтон, барал тој да ја зголеми предноста. Во последниот круг му било наредено да форсира и да не губи време. На ова Хамилтон прашува дали добил казна.

ЛХ: Дали имам казна
ПБ: Немаш. Само ги покриваме ризиците.

Тото Волф откри дека сакале да се сигурни бидејќи не знаат што ги чека и сакале да бидат што е можно понапред.

52 круг
Ветел излетува
ПБ: Ветел излета. Жолто знаме, Жолто знаме, Внимавај. Жолто знаме, Жолто знаме.
ПБ: Бокс, бокс, бокс, Направи разлика со Валтери.
Хамилтон влегува во пит линијата и во последен момент се враќа на патеката.
ЛХ: Кими останува надвор
ПБ: Остани надвор … влегувај, влегувај
ЛХ: Еј човеку
ПБ: Извини другар, само продолжи
53 круг
ЛХ: Бев на влезот
ЛХ: Дали сме во невоља
ПБ: Не, не. Остани надвор
Трката се рестартира во 58 круг
59 круг
ПБ: Страт мод 3, страт мод 3
ПБ: Разлика со Валтери 1.7
60 круг
ПБ: ДРС е овозможено
61 круг
ПБ: Разлика со Валтери 2.4. уште 7 кругови
62 круг
ПБ: Разлика со валтери 3 секунди
63 круг
ПБ: Разлика со Валтери 2.8 секунди
ПБ: Батеријата е целосно полна
64 круг
ПБ: Четири круга до крајот. Има закана за дожд од север.
ПБ: Разлика со Валтери 3.9
ЛХ: Може ли да го засилам моторот
ПБ: Не Луис. Остани како што си. Сеуште има закана за дожд
65 круг
ПБ: Луис, стави во страт мод 3. Зголемувај предност. Моментално е 4 секунди.
66 круг
ЛХ: Уште два круга?
ПБ. Уште два круга, зголеми разлика.
ПБ: Страт мод 5 до крај
ПБ: Страт мод 5 Луис, моментално си во 6. Страт мод 5
ЛХ. Треба да го чувам моторот
ПБ: Зголемувај разлика
67 круг
ПБ: Страт мод 8, страт мод 8. Да се искористи енергијата
ПБ: Луис форсирај до крај. Форсирај до крај.
ПБ: Форсирај до крај.
Хамилтон ја завршува трката
ПБ: Тоа е тоа Луис. Чуда се случуваат другар
ЛХ: Имам ли казна?
ПБ: Не, не. Само ги покривавме ризиците.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.